МЕДИЦИНСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ РАЗВОЕН ЦЕНТАР- Битола
ГИ ГРАДИМЕ ГЕНЕРАЦИИТЕ НА ИДНИНАТА
   Почитувани,

    Во насока за воспоставување на соработка со меѓународни здравствени институции, делегација од Медицински истражувачки развоен центар Битола и претставник од Клиничка болница Битола, во текот на месец јули на покана на Аџибадем здравствената корпорација од Турција, беше остварена професионална посета.
    Аџибадем здравствената корпорација е најголема приватна здравствена корпорација во Турција, формирана во 1991 год. Вработува преку 9000 лица,  од кои околу 1500 лекари, во 11 болници, 8 Медицински центри, како и повеќе поликлиники како во Турција така и во околните држави. За подетални информации посетете ја њеб страната http://www.acibademinternational.com/



























  
    Во текот на посетата пред заменик директорот Г-н Yalcin Nak и неговите помошници Ilyas Benveniste, Severcan Eralp и Layla Ataoglu беа претставени можностите за идна соработка во делот на едукација на здравствени кадри, размена на клинички искуства, како и можности за студиски претстој на лекари од Македонија во здравствените установи на Аџибадем во Турција. Воедно беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Клиничка болница Битола и Аџибадем - здравствена корпорација. Меморандумот за соработка опфаќа помош во организација на здравствената дејност, подршка во развивање на итната медицинска помош, подршка во едукација за професионални медицински вештини, обука на медицински и помошен кадар.   

































Web design by A.Bogoevski
Податоците објавени на интернет страната се сопственост на МИРЦ. Авторските права се заштитени 2009.
ПРОЕКТ "Меѓународна соработка на МИРЦ и КББ со Аџибадем-Турција" 
Project "International cooperation between MRDC and CHB with Acibadem Turkey"