МЕДИЦИНСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ РАЗВОЕН ЦЕНТАР- Битола
ГИ ГРАДИМЕ ГЕНЕРАЦИИТЕ НА ИДНИНАТА
ПРОЕКТ "МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА КББ СО УКЦ ДЕБРЕЦЕН, УНГАРИЈА"                        02.2009
Web design by A.Bogoevski
Податоците објавени на интернет страната се сопственост на МИРЦ. Авторските права се заштитени 2009.
       Во рамките на проектот за меѓународна соработка на КББ со УКЦ Дебрецен, Унгарија се реализира посета од делегација на КББ на Институтот за нуклеарна медицина Дебрецен, а по повод манифестацијата "Денови на меѓународна соработка на Универзитетот од Дебрецен".

       Беа остварени корисни разговори за взаемна  соработка меѓу Институтот за нуклеарна медицина Дебрецен и делегацијата од Клиничка болница од Битола, при што беа договорени следни активности за 2009 година.

       Делегацијата од Битола присуствуваше на  презентацијата на активностите и резултатите на значајни истражувачки проекти кои се реализираат на Медицинскиот факултет во Дебрецен. Мошне корисна беше посетата на Центарот за експериментална и микрохирургија при катедрата за хирургија на Медицинскиот факултет во Дебрецен.

       Во финалниот дел од посетата беше остварен контакт со Ректорот на Универзитетот во Дебрецен, почитуваниот Проф. Фесус, и му беше пренесена порака за  иницијатива за соработка од страна на Ректорот на Универзитетот "Св. Климент Охридски" од Битола.