МЕДИЦИНСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ РАЗВОЕН ЦЕНТАР- Битола
ГИ ГРАДИМЕ ГЕНЕРАЦИИТЕ НА ИДНИНАТА
Почитувани,
Ве известуваме за активностите на проект "Меѓународна соработка на КББ со болниците од Поградец и Корча" кои се наоѓаат во делот на Еврорегионот на Пелагонија, Преспа и Охридско езеро кој припаѓа и на Албанија.
Спроведувајки ја програмата за 2009 , членовите на Проект МИРЦ направија иницијатива за соработка на битолската клиничка болница со соседните болници од Поградец и Корча.
На 17март 2009, битолската делегација ги посети болниците во Поградец и Корча од Р. Албанија. Во непосредни и искрени разговори беа разгледани сите аспекти за идна можна соработка, а особено внимание беше посветено на евроинтегративните процеси и нивната реализација во секојдневното работење во реални услови. На 17 април 2009, следуваше возвратна посета од драгите пријатели од Корча на битолската клиничка болница. На гостите им беше претставен начинот на работа и капацитетите со кои располага битолската болница.
Во финалето на посетата следуваше богата дискусија за можните форми на соработка и план за формирањена заедничка екипа која ќе ја дефинира идната соработка.
Податоците објавени на интернет страната се сопственост на МИРЦ. Авторските права се заштитени 2009.
ПРОЕКТ "Меѓународна соработка на КББ со болниците од Поградец и Корча"